Како што информираа од ДЗС, била пронајдена артилериска граната од 65 милиметри од Првата светска војна.
„Се работи за граната којашто била истрелана и веќе поминала низ топовска цевка што се препознава по нејзиниот ребраст прстен, но поради непознати причини после истрелувањето не ја завршила целта, не експлодирала. Истата е ризична за поместување, а нејзината запалка е опасна, бидејќи при удар е можно да дојде до нејзино активирање. По претходно внимателно испитување на нејзината состојба, таа е безбедно подигната, и од пиротехничарот од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Битола, Ѓорги Стефанов, е отстранета и пренесена безбедно до соодветен магацин за НУС“, велат од ДЗС.
ДЗС апелира до граѓаните кога ќе пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги фаќаат и поместуваат, туку едноставно да се јават на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, по што надлежните институции и служби ќе се погрижат безбедно да бидат отстранети или неутрализирани.