Тој додаде дека на првиот училиштен ден, традиционално бил со учениците во деветолетката во Пустец и на учениците им посакал среќен почеток и многу успех во совладувањето на наставните единици.
„На учениците и на нивните наставници им посакав добро здравје, среќа, успешен почеток и тек на наставно-образовниот процес во оваа учебна година. Посебни честитки до оние кои првпат седнуваат во ученичка клупа. Годината да биде исполнета со другарство, радост и успех. Нашите деца се иднината на општина Пустец и секој нивен чекор на патот на знаењето е чекор напред за целата наша заедница“, рече Колефски.
Тој посочи дека како локална власт ќе продолжат да бидат секогаш до учениците и училиштата и да работат за подобри услови во образованието.
Општината некогаш имала над седум илјади жители, но, поради миграцијата, бројот на постојаните жители од година во година е сè помал. Во периодот меѓу двата пописа, 2011-2023 година, бројот на населението во Пустец се намалил за 43 отсто, односно од околу пет илјади на 1.887 жители и е меѓу четирите општини во Албанија со најголем пад на бројот на жители.






