четврток, 10 април 2025
Статистика

Во првите два месеци извозот извозот порасна за 1,6 проценти во однос на истиот период лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 75.650,4 милиони денари и бележи пораст од 1,6 проценти во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

 

Објавено на

часот

Сподели

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 112.862,3 милиони денари, што е за 4.9 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 37.211,8 милиони денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периoдот јануари – февруари 2025 година, изнесува 67 проценти.

„Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија“, се вели во соопштението од ДЗС.

Во периодот јануари – февруари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 1.229,4 милиони евра и бележи пораст од 1,8 процент во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.834,2 милиони евра, што е за 5,1 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 604,7 милиони евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 1.276,7 милиони САД долари и бележи пад од 2,6 проценти однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.904,1 милион САД долари, што е за 0,6 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 627,4 милиони САД долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ