Поради штрајк на грчките земјоделци, овој граничен премин неколку дена во различни периоди од денот е блокиран за сообраќај.
АМСМ вечерва информира дека од 17 часот е нормализиран сообраќајот на ГП Ники (Меџитлија), а на ГП Дојран се одвива непречено.
Како што информира Автомотосозјуот, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.
„Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, укажува АМСМ.






