недела, 7 декември 2025

Во понеделник интервјуирање на кандидатите за судија во Стразбур пред независни набљудувачи на англиски и на француски јазик

Комисијата за избор на кандидат на Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур во понеделник ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд. По состанокот ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик.

Објавено на

часот

Сподели

Поради зголемување на транспарентноста во процесот за избор на кандидат за судија во Стразбур, Комисијата одлучи интервјуирањето да биде спроведено пред независни набљудувачи. Поканети се претставници од невладините организации Коалиција сите за правично судење и Македонско здружение на млади правници, информираа од Комисијата за избор на кандидат на Македонија за судија во Стразбур

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ