петок, 5 декември 2025

Во понеделник автобусите во Скопје ќе возат по неделен возен ред, нема да работи и шалтерот за наплата на Водовод

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, во понеделник (8 декември), јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. Водовод и канализација – Скопје соопшти дека понеделник шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

Објавено на

часот

Сподели

Дежурна билетарница ќе биде само таа на Транспортен центар, со работно време од 8 до 14 часот.

Жичарницата до Милениумскиот крст, како што се наведува во соопштението, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичарницата се неработни денови.

Водовод и канализација – Скопје соопшти дека понеделник шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

На 9.12.2025 година, вторник, Водовод и канализација – Скопје продолжува да функционира со редовно работно време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ