понеделник, 8 декември 2025
Локални избори 2025

Во осум општини изборите за градоначалник завршија со двоцифрена разлика

Во Зрновци кандидатот за градоначалник на општината на СДСМ, Ванче Митев, го победи противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Борчо Коцев за 12 гласа – 691:679. Во Крушево разликата е 19 гласа, покажуваат последните резултати на Државната изборна комисија.

Објавено на

часот

Сподели

Доегашниот градоначалник на Крушево од СДСМ, Томе Христовски освои 2.643 гласа, а неговиот противкандидат, новиот градоначалник Нико Чоневски (ВМРО-ДПМНЕ) освои за 19 гласа повеќе од него – 2.662 гласа.

За 32 гласа победи кандидатката на СДСМ во Македонска Каменица. Соња Стаменкова е новата градоначалничка на Македонска Каменица со победа од 32 гласа. Таа освои 1.734 гласа, а нејзиниот противкандидат Димче Атанасовски (ВМРО-ДПМНЕ) освои 1.702 гласа.

Во Пробиштип Тони Тоневски (ВМРО-ДПМНЕ) освои 4.163 гласа, а Драган Анастасов (СДСМ) освои 4.134 гласа – разликата е 29 гласа.

Во Чешиново Облешево победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јорданче Костадинов со освоени 1.642 гласа. Кандидатот на СДСМ, Горанчо Крстев освои 1.590 гласа. Разликата е 52 гласа.

Бошко Цветковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Лозово со освоени 735 гласа,  47 повеќе од Ацо Велковски од СДСМ кој освои 688 гласа.

Во Демир Капија и Росоман разликите се над 70 гласа. Ѓорѓи Крстевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Росоман освои 1.305 гласа, а Стојан Николов (СДСМ) освои 1.231 глас или 74 гласа помалку. Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) е новата градоначалничка на Демир Капија со 70 гласа повеќе од нејзиниот противкандидат Лазар Петров (СДСМ) – 1.222:1.152.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ