понеделник, 15 декември 2025

Во Општина Кисела Вода во Расадник со багери се прави заштитен појас од пожари

Во Општина Кисела Вода се прави заштитен појас од пожари во Расадник за спречување од евентуални палења на вегетацијата. Од општината информираат дека нивните екипи 24 часа ја следат ситуацијата.

Објавено на

часот

Сподели

За потсетување, на почетокот на септември минатата година избувна голем пожар во Расадник. Полицијата тогаш утврди дека тројца малолетници фрлале петарди и го предизвикале пожарот. Кривична пријава беше поднесена против еден 14 годишник, додека другите две деца не подлежеа на кривична одговорност бидејќи немаа наполнето 14 години.

Расадник во Кисела Вода е најголемата зелена површина од тој размер која е на само 2 километри од центарот на Скопје.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ