Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница. Сите млади до 35 години кои градат, доградуваат или надградуваат, добиваат целосно ослободување од комуналии од делот што е за Општина Аеродром.
Во Општина Аеродром доделено е првото одобрение со 0 денари комуналии за млади до 35 години
Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој денеска од градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, доби одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии. Овој момент не е само административен чекор, туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом, соопштија од општината.

Објавено на
часот





