На резолуцијата поднесена од САД и коспонзорството на Македонија беа поднесени неколку амандмани, а дел од нив беа поддржани. Откако амандманите беа прифатени, Македонија и други земји како на пример Бразил, Кина, Аргентина… беа водржани, а против гласаа САД, Русија, Унгарија, Белорусија, Израел…

За Резолуцијата на Украина, поддржана од неколку земји членки на ЕУ, гласаа 93 држави, 18 беа против и 65 воздржани. Ова е помалку од претходните гласања, кога повеќе од 140 земји ја осудија руската агресија.
Гласањето за изменетата американска резолуција заврши со 93 гласа „за“, 8 „против“ и 73 воздржани. Украина гласаше „за“, САД како предлагач се воздржаа, а Русија гласаше „против“. Во оваа резолуција на САД, Русија не е експлицитно наведена како како агресор, туку војната е посочена како „руско-украински конфликт“ и се „повикува на што поскоро прекинување на конфликтот и на траен мир меѓу Украина и Русија“. САД, откако се усвоија неколку амандмани на нивната резолуција, се повлекоа од предлогот.
Заменичката амбасадорка на САД, Дороти Шеа, изјави дека повеќе претходни резолуции на ОН, кои ја осудуваа Русија и бараа повлекување на руските трупи, „не успеаја да ја запрат војната“, која „се одолжува премногу долго и со ужасни последици за народот во Украина, Русија и пошироко“.






