Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 10.596.843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе во споредба со октомври лани. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на Државен пат А2, делница Букојчани Кичево прва фаза, подделница Црвивци-Кичево со должина 6,527 км, кој е со вредност од 44 милиони евра.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 289 (64,8 %) се наменети за објекти од високоградба, 68 (15,2 %) за објекти од нискоградба и 89 (20 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 446 објекти, на 247 (55,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 199 (44,6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.177 станови со вкупна корисна површина од 101.286 м2.






