понеделник, 13 април 2026

Во Охрид средба на Службите за спасување на планина од регионот

Претставници на организации за спасување на планина од Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и од Албанија ќе учествуваат на Регионалната средба на службите што од 17 до 19 април ќе се одржи во Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата што ќе се одржува во организација на Националниот сојуз за планинско спасување на Македонија, претставници на водечките спасувачки служби од регионот, членки на Меѓународниот сојуз за планинско спасување, ќе разгледуваат можности за унапредување на професионалните стандарди, зајакнување на координацијата и партнерствата, како и размена на искуства и современи практики во планинското спасување.

Националниот сојуз за планинско спасување на Македонија ќе ги презентира своите активности, развојни насоки и иницијативи за јакнење на националниот систем за спасување.

Во рамки на програмата ќе бидат претставени и капацитетите и оперативната подготвеност на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и на Алпинистичкиот клуб „Патагонија“, како и заедничките проекти насочени кон развој на оваа област.

Средбата во Охрид е трета регионална средба во овој формат: Првата се одржа во Хрватска во 2024 година, додека втората лани во Словенија, кога беше потпишан Регионален договор за соработка. Документот предвидува редовно годишно одржување средби, со цел континуирано унапредување на стандардите и координацијата во планинското спасување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ