Оттаму најавуваат дека денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени Целзиусови