Од ОЈО ГОКК ја потврдија акцијата, но не откриваа повеќе детали.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа“, информираа од ОЈО ГОКК.
Неофицијално, при претресите досега се пронајдени и одземени пари во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови, како и финансиска и друга релевантна документација.
Од ОЈО ГОКК повеќе детали најавуваат по завршување на акцијата.
Бујар Дарлишта е кадар на ДУИ, кој во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Беше директор на Управата за водење на матични книги, а беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција.






