Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 е зголемена за 0,5 проценти.
Зголемувањето е резултат на порастот на трошоците на животот во групите: Транспорт за 1,7 %, Рекреација и култура за 0,9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 %, Ресторани и хотели, Здравје за 0,3 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,2 %, Комуникации, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 %.
Трошоците на животот во групите Разновидни стоки и услуги и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Според Државниот завод за статистика, цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година се зголемени за 0,6 отсто.






