понеделник, 8 декември 2025

Во Националниот парк  Маврово поставен систем за собирање дождовница

Здружението Иницијатива за граѓански интеграции – ИГИ Гостивар го спроведува проектот „Water Wise Mavrovo“, финансиран од Канадскиот фонд за локални иницијативи (CFLI) при Амбасадата на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора, во соработка со Националниот парк Маврово. Проектот се реализира во период од седум месеци и има за цел едукација на локалните заедници за климатските промени и начините за адаптација и ублажување на нивните ефекти, со акцент на управувањето со водите. Дополнително, во проектот ќе се имплементираат и пилот зелени интервенции кои ќе обезбедат заштита на водните ресурси и климатска адаптација , со активно вклучување на жителите , особено жените и младите во планирањето и реализацијата на климатските активности.

Објавено на

часот

Сподели

Како дел од овие интервенции, на зградата на Национален парк Маврово е поставен и пуштен во функција систем за собирање дождовница – прва ваква иницијатива во рамките на еден национален парк во земјата. Овој систем претставува практично решение за одржливо користење на водните ресурси, но и симбол на нов пристап кон справување со климатските предизвици.

Со неговото поставување се намалува потрошувачката на питка вода, се заштитуваат природните извори и се придонесува за зачувување на биодиверзитетот во регионот на Маврово. Посебно значење има фактот што оваа активност е реализирана во блиска соработка со Националниот парк Маврово, кој со својата поддршка и интерес за воведување одржливи практики потврдува дека институциите може да бидат двигатели на позитивни промени.

Истовремено, оваа акција е јасен пример како зелените решенија можат да донесат долгорочни придобивки и да станат модел за други заедници низ државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ