сабота, 20 декември 2025

Во Музеј Демир Капија одбележани европските денови на културното наследство

Во Музеј Демир Капија беа одбележани европските денови на културното наследство, талентирани ученици твореа во две техники, техника на мозаик користејќи разнобојни каменчиња и изработувајќи свои дела разгледници со архитектонското наследство од Демир Капија, како и во техника на акварел.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше попладнево за МИА, Цветанка Тодоровска Митрева, виш кустос археолог во Музејот, настанот беше организиран под наслов „Мозаична разгледница од Демир Капија“.

„Европските денови на културното наследство вообичаено се одбележуваат од 23 до 29 септември. Во нашите активности се вклучија ученици од основното општинско училиште „Димче Ангелов – Габерот“. Под менторство на наставничката по ликовно образование Тина Вучиниќ, учениците изработија прекрасни дела. Инаку, темата на овогодинешната манифестација на европско ниво, беше ‘Архитектонско наследство: Прозорец кон минатото – врата кон иднината’“, појасни Тодоровска Митрева.

Таа додаде дека манифестацијата се одржува секоја година  во повеќе од 50 земји во Европа, а Македонија е дел од европското семејство на земји, што ја организираат оваа манифестација, во голем број институции од областа на културата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ