среда, 1 април 2026

Во МРТ ќе се разгледува скандалот со емитувањето на детската песна за „Голема Албанија“

Програмскиот совет на МРТ за утре закажа едница на која ќе се разгледува скандалот со емитувањето на детска песна на вториот канал на јавниот сервис на албански јазик, о која се воспеваше „Голема Албанија“. Во рамки на детска фестивалска програма емитувана на 28 март, беше прикажан настап на 13-годишно девојче кое ја изведе песната „Trojet shqiptare“. Содржината на песната и симболите (мапа на „Голема Албанија“) употребени за време на изведбата предизвикаа бурни реакции во јавноста.

Објавено на

часот

Сподели

Според стиховите од песната, отворено се пееше за територијални претензии и кон Македонија, и кон Грција, кон Србија, кон Црна Гора… „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“,  „ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“… беа дел од стиховите со јасна порака за обединување на албанските територии.

Програмскиот совет треба да утврди како се случило ваква песна да помине низ програмскиот филтер на јавниот сервис, дали имало уредничка проверка и внатрешната контрола.

Според информации од МРТ, уредничката на вториот телевизиски канал во тој период била на боледување, па е отвора и прашањето чија е одговорноста за финалното емитување на програмата.

И од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најавуваат реакција за случајот за да се утврди дали има прекршување на законските и програмските стандарди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ