среда, 10 декември 2025

Во Маврово Ростуше се решава проблемот со уличното осветлување

По насока дадена од повереникот со надлежности на градоначалник, на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, општинските служби водени од принципот услуга за сите без никаква селективност, започнаа со системско и темелно решавање на долгогодишните проблеми со уличното осветлување во сите населени места во општината, информираа од општинската пресс-служба.

Објавено на

часот

Сподели

Како што велат, „досегашните парцијални интервенции сега се заменуваат со сеопфатен акциски план“.

Планот вклучува идентификација на дефектите, односно детална мапа на сите критични точки и неисправна мрежа, како и модернизација-поправка на старите и инсталација на нови, енергетски ефикасни светилки, каде што е потребно.

Оценуваат дека целта на овој систематски пристап е двојна, значително да се подобри безбедноста на граѓаните и пешаците, особено во вечерните часови, како и да се постигнат заштеди во општинскиот буџет преку ефикасно користење на енергијата.

„Ова е само првиот чекор во нашата заложба Општината да биде во служба на граѓаните и да испорача квалитетна комунална инфраструктура насекаде“, нагласуваат од локалната самоуправа.

Отстранувањето на сите дефекти од мрежата за улично осветлување, како што велат, продолжува секојдневно, се до отстранување и на последната пречка за ефикасно функционирање на уличното осветлување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ