среда, 4 февруари 2026

Во Маврово-Ростуше лани родени 21 бебе, општината им исплати еднократен паричен надоместок

Во текот на минатата година, доделивме 21 ваучер, односно еднократен паричен надоместок, наспроти 24 во 2024 година. Надоместокот е во износ од девет илјади денари. Во првиот месец од годинава, до денес, сè уште немаме новороденче, вели Букурија Беќири, раководител на одделението за човечки ресурси во општината.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на минатата година, доделивме 21 ваучер, односно еднократен паричен надоместок, наспроти 24 во 2024 година. Надоместокот е во износ од девет илјади денари. Во првиот месец од годинава, до денес, сè уште немаме новороденче, изјави за МИА, Букурија Беќири“, раководител на одделението за човечки ресурси во општината.

Бебешки бонус општината доделува врз основа на едногласно донесената одлука на Советот на општината, во 2018 година, во рамки на Програмата за здравствена, социјална и детска заштита и до сега ова право е исплатено за 240 бебиња.

„Ваучери за новороденчиња ќе доделуваме и годинава, што е деветта година по ред. Да потсетам на она што е веќе познато. Ова право се доделува само за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на општината Маврово и Ростуше, но не и на семејствата кои потекнуваат од овој крај а живеат и работат во странство или во друга општина во државава“, додава Беќири.

Општината неколку години по ред доделува и еднократна помош  за сите првачиња во износ по 6 илјади денари, како и по 10 илјади денари за секој редовен но и вонреден студент, доколку е невработен. Овие права ги оствариле 27 првачиња и 19 студенти.

И кај корисниците на овие права забележан е помал број. Тоа секако се должи на миграцијата на населението во западноевропските змеји, главно во Италија, Германија и Швајцарија, како и во други градови во нашата земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ