понеделник, 2 февруари 2026

Во материјалите за Епстин ја има и Македонија – како извозник на мозоци за експерименти

Македонски професор на Универзитетот во Колумбија посредувал во набавката на мозоци од Македонија за експерименти во неколку универзитети во САД, пишува во најновите објавени документи од американското Министерство за правда од истрагата за Епстин.

Објавено на

часот

Сподели

Во документите пишува дека се работи за околу 1.000 мозоци, меѓу кои и од лица кои се самоубиле. Не се знае дали семејствата на починатите во Македонија дале согласнот за употреба на органи, ниту пак дека македонската држава дозволила вакво нешто.

Во објавениот мејл од 5 февруари 2019 година пишува за некои испитувања за причините на самоубиствата, за биологијата на самоубиствата.  Се споменуваат неколку имиња на еминентни научници од американските универзитети во Питсбург, Колумбија, Њу Јорк, Јејл…

Еве го делот што се однесува на Македонија: „Малата балканска земја Македонија ги обезбедува мозоците, благодарение на еден член на факултетот на Универзитетот Колумбија кој потекнува оттаму и кој помогнал да се организира целиот процес. Мозоците се замрзнуваат веднаш по нивното отстранување и со авион се транспортираат во сандаци, под специјална придружба, поминувајќи околу 7.500 километри (4.700 милји) за да завршат во црни кутии со големина на кутија за чевли, означени со кјуар-кодови. Внатре се наоѓаат дисецирани делови од розово ткиво во пластични кеси, обележани со маркери: десна страна, лева страна и датум на земање.“

Епстин беше осуден во Флорида во 2008 година за подведување малолетнички на проституција, а во 2019 година Министерството за правда го обвини за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација. Во август истата година, тој беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во Њујорк, а неговата смрт официјално беше прогласена за самоубиство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ