четврток, 29 мај 2025
Статистика

Во март значителен раст во енергетскиот сектор

Според податоците на Државниот завод за статистика индустриското производство во секторот „енергија“ во март бележи значителен раст од 13,8% во однос на истиот месец претходната година, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Особено позитивен е растот од 12,9% во групата „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, што претставува силен показател за стабилноста и динамиката во енергетскиот сектор. Со усвојувањето на новиот Закон за енергетика, се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи и во наредниот период, преку интензивирање на инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на мрежата и развој на батериски системи за складирање на електрична енергија. Законот предвидува јасни механизми за поддршка на енергетски проекти, што ќе придонесе за одржлив раст и долгорочна енергетска сигурност.

Во периодот што следува, приоритет ќе биде реализацијата на проекти кои значат поголема енергетска независност и стабилност на системот. Новата законска рамка ќе овозможи поинтензивна интеграција на обновливите извори, поефикасно управување со мрежата и поголема заштита на правата на потрошувачите“, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ