„Ќе се применуваат современи средства како видеонадзор, дрон-технологија и засилена комуникација помеѓу институциите со цел навремено спречување и гасење на пожари. Согласно одлуката на ЈП Национални шуми и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на сила е 24-часовна забрана за движење во шумските подрачја од 1 јули до 31 август 2025 година. Забраната не важи за службени и овластени лица“, информираше градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски.
Апелираше до сите граѓани на највисоко ниво на одговорност, совесно однесување и грижа кон природата.
„Само заедно, со внимателност и соработка, можеме да спречиме несакани последици и да ја зачуваме нашата околина безбедна“, додаде Атанасовски.
За спроведување на забраната задолжени се ЈП „Национални шуми“, Шумската полиција, МВР и Државниот инспекторат за шумарство и ловство. Непочитувањето на забраната ќе биде казнето со парична казна од 1.500 до 2.000 евра, согласно член 106 од Законот за шумите.