Во Македонија има 67 снабдувачи на вода, 667.076 регистрирани потрошувачи кои се домаќинства и 41.632 правни лица. Најмногу регистрирани домаќинства или 271.000 има во Скопје, а со над 30.000 се Битола, Охрид и Куманово. Во Скопје има и најмногу фирми и институции, односно 10.000 правни лица потрошувачи на вода за пиење.
Од вкупното годишно производство, 245 милиони кубни метри вода, се губат околу 60% или 146 милиони кубни метри вода. Најмногу од нив се губат во Скопје, дури 63 милиони кубни метри годишно или 43% од целата загубена вода во државата. Гостивар губи скоро 9 милиони, Тетово 7 милиони, Кичево повеќе од 6 милиони, а Охрид 5,8 милиони кубни метри вода годишно.