Од ЗНАМ велат и оти официјален демант за оваа тема пристигнале од сите релевантни институции во државата и од премиерот.
„СДСМ во тотална немоќ, обезглавена без раководство, само со еден функционер во смисла на Султан партија, раководена од центарот во Струмица и менторот Зоран Заев, бара начини и теми како да биде минимум присутна во јавноста со надеж да го задржи и она малку членство и поддржувачи што остана од неа“, се вели во реакцијата.
Дополнително, велат оти стравот кај поранешните државни функционери и претенденти за нови функции во СДСМ од поднесените кривични пријави за сторена злоупотреба на службената положба е голем, па затоа, тие сакаат по секоја цена да отворат безсмилени теми и апокалиптични сценарија за колапс на државата и финансискиот систем, за немање пари за исплата на пензии, плати, социјална помош, поврат на ДДВ и слично.
„Само криминогени умови кои размислуваат за својот политички спас може да генерираат вакви политики. Резултатот на овие политики на Венко Филипче е секојдневниот одлив на партиското членство на СДСМ и нивните поддржувачи“, велат од ЗНАМ.






