недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

Во Куманово владеjачката коалиција има мнозинство во Советот, втор круг за градоначалник

На локалните избори во Куманово најмногу советници освои движењето ЗНАМ со седум мандати. Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски освои 16.183 гласови, а Горан Стојковски-Диро 5.946. Во Куманово ќе има втор круг за избор на градоначалник на Куманово, покажуваат последните нецелосни податоци на Државната изборна комисија.

Објавено на

часот

Сподели

Советници во Советот на Општина Куманово ќе имаат и ВМРО-ДПМНЕ – 6, ДУИ – 5, СДСМ – 4, Демократската партија на Србите – 3, коалицијата Вреди – 3, Ред за Куманово – 2 и Левица еден мандат. Во Советот на Куманово има 31 советник.

„Ако има втор круг, ЗНАМ дефинитивно ќе биде победник на претстојните локални избори, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните, кои препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух“, изјави синоќа Димитриевски, кој синоќа со своите поддржувачи ја славеше победата во Куманово.

Независниот кандитат Стојковски и граѓанската иницијатива Ред за Куманово, објавија дека кумановци пратиле јасна порака дека време е за промена и време е за ред.

„Со вашата поддршка покажавте дека верувате во нова, одговорна и чесна локална власт. Продолжуваме со уште поголема енергија во вториот круг, решени да ја донесеме големата победа за Куманово на 2 ноември“, напиша Стојковски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ