Досега се заменети над 2.400 светилки во населбите Пржино и Црниче.
Со новите лед светилки осветлувањето ќе биде поекономично, со намалена потрошувачка на енергија во споредба со старите светилки, а нивниот век на траење е 4,2 пати подолг. Дополнително, светилките ќе се управуваат преку паметен систем, кој овозможува подобра контрола и ефективност, се наведува во соопштението.
Реализацијата на овој проект, кој се изведува во пет фази, обезбедува безбедни, современи и функционални улици со пониска потрошувачка на енергија и долготрајни решенија за јавното осветлување во општина Кисела Вода.






