Стаменкоска Трајкоска информира дека денеска повторно извршиле увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски и по извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец.

„Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето. Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот. Посветени сме на изнаоѓање на најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција. Безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет“, напиша градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска.






