сабота, 20 декември 2025

Во Катланово одбележана 76-годишнината од Граѓанската војна во Грција

Во Катлановска бања на народен собир вчера беше одбележана 76-годишнината од завршувањето на Граѓанската војна, како и 40-годишнината од формирањето на Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Претставници на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија положија  свежо цвеќе пред споменикот на загинатите и починатите борци во Катланово во месноста Катлановска бања. Во Катлановска бања за време на војната во болницата биле згрижувани и лечени ранетите борци на ДАГ. Тука сѐ уште се чуваат коските на повеќе од 1.400 починати борци.

„Оваа година кога се навршуваат 76 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција и кога во виорот на воените дејства десетици илјади Македонци, од кои околу 28.000 деца и околу 40 илјади возрасни граѓани од Егејскиот дел на Македонија, беа принудени да ги напуштат родните огништа и се раселија насекаде по светот. Судбината некои од нив ги врати во Македонија, додека другите останаа распрснати во светот. Колку и да се кажат зборови за тагата, болката и незаборавот сепак не се доволни“, беше речено на собирот.

Пред споменикот се одржа и пригодна културно-уметничка програма со песни за Егејот во изведба на Дарко Билбиловски, Дарко Aнгеловски, Ани Малинкова, Ристо Краповски, Нацка Славкова, Раде Младеновски, Серафина Фантаузо и Нина Николовска. Најмладите прочитаа сопствени творби за судбините на нивните баби и дедовци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ