Според податоците од Државниот завод за статистика, 100 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на струја.
Во споредба со минатогодишниот јуни потрошувачката на природен гас е намалена за 54,9 отсто, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, додека потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 9,5 проценти.






