На денешниот „Инвеститорски ден“ на берзата се склучија вкупно 396 нормални трансакции што претставува инвеститорски ден со најголем број склучени трансакции од воведување на оваа иницијатива. Воедно, на овој ден се склучија и најголем број на трансакции на дневно ниво во 2025 година. Дополнително, денес во БЕСТ-системот на берзата се внесени вкупно 547 налози за тргување, што претставува најголем број на внесени налози во берзанскиот систем за тргување во текот на оваа година.
Вкупниот промет од тргување во БЕСТ-системот со акции денес надмина 917 илјади евра, односно изнесува околу 56 милиони денари.






