сабота, 3 мај 2025
Статистика

Во февруари просечната нето-плата беше 43.053 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43.053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Објавено на

часот

Сподели

Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 проценти.

ДЗС појаснува дека зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 16,6 проценти, Преработувачка индустрија за 11,5 проценти и за Образование 11,4 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 4 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 3,9 проценти и Преработувачка индустрија за 2,5 проценти.

Во февруари годинава просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64.634 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ