среда, 25 март 2026

Во ДУИ пресметале дека за два месеци се потрошени 24.385.872 евра за увоз на електрична енергија

Демократската унија за интеграција (ДУИ) објавува конкретни факти, имајќи ги предвид изјавите на премиерот Христијан Мицковски во однос на работата на ЕСМ. Овие податоци целосно ги демантираат тврдењата и дезинформациите кои доаѓаат од раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика, се вели во соопштението од ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Само од почетокот на 2026 година, ЕСМ, со цел да ги покрие потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, била принудена да набавува електрична енергија во најмалку два наврати: во јануари: 104.160 MWh по цена од 119,50 евра за MWh – вкупно: 12.447.120 евра; во февруари: 94.080 MWh по цена од 126,90 евра за MWh – вкупно: 11.938.752 евра. Вкупно, за само два месеци се потрошени 24.385.872 евра за увоз на електрична енергија“, ги изнесува своите пресметки ДУИ во соопштение.

Според партијата, овие бројки јасно покажуваат дека ЕСМ нема доволен производствен капацитет за да ги покрие потребите на регулираниот пазар.

„Ова директно води кон зголемен притисок врз цената на електричната енергија за граѓаните. Електроенергетскиот систем се соочува со сериозни предизвици, а последиците од недомаќинското и нестручното управување ќе ги сносат граѓаните, преку зголеми фактури“, заклучуваат во ДУИ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ