четврток, 1 мај 2025

Во Дубаи има 52 македонски компании

За време на престојот на македонската делегација во Обединетите Арапски Емирати беше споделена информацијата дека во Стопанската комора на Дубаи регистрирани се 52 македонски компании. Оваа информација ја соопшти службата за информирање на македонската Влада по средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот и раководството на Стопанската комора на Дубаи, султан бин Саид ал Мансури. Пет од овие 52 фирми станале членки на комората во првите три месеци од годинава.

 

Објавено на

часот

Сподели

За имотот на македонски граѓани во Дубаи веќе подолго време се шпекулира во Македонија, особено по неодамнешните неофицијални информации за тоа дека поранешниот македонски премиер Зоран Заев и неговото семејство веќе подолго време престојуваат таму и инвестираат во недвижнини.

Инаку, Македонија во ОАЕ главно извезува електроника, облека, возила, машини, овошје и зеленчук.

Според истражување на норвешкиот финансиски центар Е24 објавено во 2022 година, 45 македонски државјани се сопственици на 55 имоти во Дубаи. Вредност на овие имоти беше проценета на 14 милиони долари, а податоците беа од 2020 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ