Според надлежните, уличките се тампонирани со гребен асфалт, а интервенцијата е направена на критичните места каде се задржува вода по дождливите денови и се создава кал.
„Имавме одредена количина на гребен асфалт и ги тампониравме уличките каде беше најкритично. Граѓаните реагираа и успеваме со тампонирање да го санираме проблемот. Ќе продолжиме и во иднина. Наскоро ќе се тампонираат уличките во новата парцела на градските гробишта“, изјави директорот на претпријатието, Сашо Томиќ.
Претходно, претпријатието соопшти дека на гробиштата беше поставена урбана опрема за собирање на отпад, поради реакции на граѓаните за недоволен број на контејнери.
Се пофалија и дека екипи на претпријатието редовно вршат депонирање и транспорт на отпадот два пати неделно, поради големите количини на цвеќе и гранки, а чистењето се спроведува од страна на „Чистота и Зеленило“.
Да ни прости Господ, ама сега покојните ќе може да почиваат во мир.






