сабота, 10 мај 2025
Изјава на директорот на Управата за извршување на санкции

Во дел од затворите во државава над 50 отсто од затворските полицајци се корумпирани, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов смета дека проблемот со телефоните, дрогата и останати недозволени работи по затворите може да се реши, но само доколку има казнивост за корумпираните затворски полицајци, кои според негови проценки, во некои затвори се и над 50 проценти.

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме работа со вмрежена група на вработени по затворите и затворениците. Ако успееме дел по дел да ги отстраниме корумпираните во затворскиот систем, можеме да го решиме проблемот со телефоните, дрогата и со другите недозволени предмети. Се додека ги имаме нив и додека тие сметаат дека неказниво може да поминуваат, ќе имаме и телефони, и дрога, и недозволени предмети“, рече Пандов на денешната прес-конференција во Владата.

За споредба посочи дека кај нас за девет месеци се најдени околу илјада телефони, додека во Хрватска во 2023 година само 26 мобилни телефони, а во Косово 51 телефон во 2024 година.

„Имаме наследено исклучително корумпиран систем, но она што радува е дека има силна желба да се справиме со тој криминал“, рече Пандов.

Во однос на тоа дали е подобро да се стават блокатори како решение за мобилните телефни, Пандов рече дека проблемот е во тоа што денес најголем дел од затворите се опкружени со објекти и доколку се стават блокатори, ќе бидат блокирани и телефоните на граѓаните кои живеат или работат во овие објекти.

„Во Хрватска нема блокатори и нема телефони. Мене ме уверуваат сите кои се долги години во затворскиот систем дека нема подобра работа од правење претреси“, рече Пандов.

Информираше дека се завршени и сите процедури околу алките за затворениците и очекува во наредните неколку недели да бидат ставени во функција, а денес е добиено и одобрување од Министерството за финансии за вработување на 171 лице од кои најголем дел се за затворски полицајци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ