„И покрај нашите апели водата за пиење да не се злоупотребува, таа појава продолжи и понатаму, поради што сме принудени да ја воведеме непопуларната мерка – рестрикција во водоснабдувањето“, изјави директорот Бурим Каба.
Во периодот од 10 до 13 часот без вода ќе биде селото Долно Косоврасти, каде се наоѓа и бањскиот локалитет, додека од 13 до 16 часот целиот град.
„Нашата вода, која е од изворите во Росоки, е една од најквалитетните не само во државава, туку во Европа, а несовесните корисници истата ја злоупотребуваат. Навистина жално“, посочува Каба.
Одлуката за рестрикцијата, додава директорот, ќе биде во сила се до подобрување на ситуацијата и повторно упатува апел за рационално користење на водата, за да не бидат принудени да го зголемуваат времетраењето на рестрикциите.
Потрошувачката на водата е зголемена и поради присуството на иселениците, чиј број секојдневно се зголемува.






