Според податоците на Државната изборна комисија за излезеноста на локалните избори до 18,30 часот во Врапчиште изгелге 21,41 отсто од запишаните гласачи, во Маврово Ростуше 28,58% и во Центар Жупа 21,30 отсто.
Според член 132 од Изборниот законик, за да има победник денеска или за да има втор круг гласање по две недели, денеска мора минимум да гласаат 33,33% од избирачите запишани во соодветната општина.
„Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина. Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина“, пропишува Изборниот законик.






