„Светскиот ден на бездомните животни е уште една можност учениците да се запознаат со начинот на работа на прифатилиштето, со грижата што се пружа на штитениците и да вдомат куче. Во прифатилиштето Хачико има секојдневна стручна грижа, хуман третман и затоа потребна е континуирана поддршка“, посочија учесниците одбележувајќи го светскиот ден на бездомните животни во Битола.
Прифатилиштето за бездомни кучиња Хачико во Битола работи врз принципот залови-стерилизирај-врати, односно откако кучињата ќе го поминат хуаманиот третман, се враќаат на истата локација од каде биле заловени.