На комеморативниот собир кој традиционално се организира како ден на сеќавање кога на 11 ноември во 1918 година заврши Првата светска војна, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и Зоран Антиќ, државен секретар во српското Министерство за труд, социјални и боречки права.
Во Битола одбележан 11 Ноември, денот на примирјето со кој беше означен крајот на Првата светска војна
Делегации на Општина Битола, Владата на Република Србија и претставници на здруженија за македонско-српско пријателство и соработка, на воените српски гробишта во Битола го одбележаа 11 Ноември, ден на примирјето со кој беше означен крајот на Првата светска војна.

Објавено на
часот





