вторник, 9 декември 2025

Во Битола бесплатно детектирање на хепатитис

Во Битола денеска се одржа акција на бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија. Акцијата е во рамки на националната кампања, организирана од Хепар Центар Битола, Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Општина Битола, Центарот за јавно здравје – Битола и Клиничката болница Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот. Заинтересираните ги посети и градоначалникот Тони Коњановски, кој ја поздрави акцијата. Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата, а меѓу нив е и Битола, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Акцијата се одржа со цел подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ