понеделник, 30 март 2026

Во Берово утрово измерени -6 степени, минусна темепратура и во Скопје

Во Берово утрово се измерени -6 степени, Во Крива Паланка -3, а во Скопје -1, соопшти УХМР. Дожд во изминатото деноноќиe врнел во Лазарополе, Охрид, Битола, Попова Шапка, Крушево, Прилеп. Утрово времето е претежно облачно, во крајните југозападни делови со слаби врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Фото: Беровско Езеро - Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ