Според податоците на Државниот завод за статистика, 73,4 отсто од вкупниот број на ноќевањата во август се реализирани од домашните туристи, а 26,6 отсто од странските туристи.
Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,8 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 1,4, а кај странските зголемување за 11,6 отсто. Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 1 отсто при што кај домашните туристи има намалување за 4, а кај странските има зголемување за 8,1 отсто.






