понеделник, 8 декември 2025
Статистика

Во август инфлацијата забави

Месечната стапка на инфлација во август беше 0,2% што претставува значително забавување во споредба со јули, кога месечната стапка на инфлација изнесуваше 1,1%, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Месечната стапка на инфлација на храната и безалкохолните пијалоци изнесува 0,6% при што забележано е намалување на трошоците на живот за повеќе групи на производи како што се рибата и морските плодови од -0,9%, маслата и мастите од -0,1%, овошјето од -1,5%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи од -0,2%, останати прехрамбени производи од -0,9%, потоа минералната вода, безалкохолните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук од -1,1%, кафето, чајот и какаото од -0,2%.

Малиот месечен раст на индексот на трошоци на живот за храната и безалкохолните пијалоци е резултат пред сѐ на растот на цените на зеленчукот, од 4,9%, тренд присутен подолг период во целиот регион главно поради добро познатите состојби на намалени приноси и понуда поради понеповолните временски услови.

Намалување на трошоците на живот на месечна основа во август е забележано и кај облеката и обувките од -0,6%, здравствената заштита од -0,1%, транспортот од -3,1%, образованите од -0,1%, а трошоците останале на исто ниво во групите домување, вода, електрична енергија, гас и други горива и кај комуникациите.

На годишна основа, стапката на инфлација исто така забавува при што во август е на пониско ниво, споредбено со инфлацијата во јули (во август изнесува 4,4%, а во јули изнесуваше 4,8%). Годишната стапка на инфлација на храната има не-растечки тренд (изнесува 5,4%; во јули изнесуваше 6%) водена пред сѐ од повисоките цени на овошјето поради намаленото домашно производство и повисокиот увоз. Забавување на годишната стапка на инфлација во август, во споредба со јули, е забележана кај повеќето групи на производи.

Годишната стапка на инфлација со исклучени компоненти од храна и енергија (базична инфлација) исто така забавува и во август е на пониско ниво споредбено со јули. На месечно ниво, базичната инфлација бележи намалување, месечната инфлација со исклучени енергија, течни горива и мазива и храна е негативна и изнесува -0.2%; месечната инфлација со исклучени енергија, течни горива и мазива и непроцесуирана храна е негативна и изнесува -0.1%; месечната инфлација со исклучени енергија, течни горива и мазива и непроцесуирана храна, тутун и алкохолни пијалоци исто така е негативна и изнесува -0,1%.

„Значи имаме забавување на вкупната инфлација, забавување на базичната инфлација и за намалени трошоци на живот на месечна основа кај повеќе групи на производи. Ова се јасни, првични сигнали дека процесот на дезинфлација е почнат, а инфлацијата постепено ќе се врати на посакуваните 2%.

Како резултат на економските мерки и политиките на Владата, денес сме сведоци на забрзување на економскиот раст, забавување на инфлацијата, пад на невработеноста и раст на доходот на граѓаните (за потсетување, во првата половина од годинава, на годишна основа е забележан реален раст на просечната плата за 5.8%). Нашиот економски модел води кон целосна трансформација на Македонија и подобрување на животниот стандард за граѓаните. Приоритет и цел е да обезбедиме поквалитетен живот за сите граѓани, иднина и просперитет на Македонија“, изјави неодамна премиерот Христијан Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ