недела, 14 декември 2025

Во август два неработни дена – 2 и 28 август

Денот на Републиката, 2 Август (сабота), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, согласно со Законот за празниците. Во август имаме уште еден неработен ден – 28 Август (четврток), празникот Успение на Пресвета Богородица. Овој ден е неработен само за граѓаните од православна вероисповед.

Објавено на

часот

Сподели

Денот на независноста, 8 Септември, (понеделник), е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

До крајот на годината следуваат овие празници:

11 Октомври (сабота), Ден на народното востание,

23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,

8 Декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од католичка вероисповед 

1 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ 

22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РМ

28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ