недела, 14 декември 2025

Во арбитражна постапка Македонија го доби случајот Казандол вреден 115 милиони евра

Во арбитражната постапка, државата го доби случајот Казандол по сите 11 основи по кои беше тужена и заштедени 115 милиони евра, изјави денеска на прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој уште соопшти дека Владата донела одлука за почнување подготвителни работи за целосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичево на Коридиорот 8.

Објавено на

часот

Сподели

Николоски потенцираше дека пресдудата е целосно во корист на Македонија, а случајот не бил воопшто лесен.

„Сакам да информирам за донесената пресуда во арбитражната постапка Казандол каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но можам со гордост да кажам дека овој случај го добивме, сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресдудата е целосно во наша корист, а случајот не беше воопшто лесен“, подвлече Николоски.

Тој смета дека државата ќе добие уште најмалку два случаја.

„Ова се затворени процеси и до донесување пресуда детали не смеат да се изнесуваат. Постапките се многу комплицирани. Но, ако продолжи овој след, а јас сум убеден дека ќе продолжи, тогаш надлежните органи ќе треба сериозно да се позанимваат со тоа како биле отворани арбитражите и како бевме сите убедувани дека Македонија ќе губи стотици милиони евра, а некогаш и милијарди, а еве не ги губи и зошто овој случај бил затворен во декември 2023 година. Ние повторно го отворивме, имало простор и евe го добивме“, објасни Николоски.

Владата денеска донела одлука за почнување подготвителни работи за целосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичево на Коридиорот 8. Николоски соопшти дека ЕУ ќе обезбеди 5,3 милиони евра грант за физибилити студија, а водечка финансиска институција ќе биде Европската банка за обвнова и развој (ЕБОР) која ќе одбере консултант, по што ќе се оди кон втората фаза – работа на терен.

Како што истакна Николоски на прес-конференција, линијата е во лоша состојба и по неа сега е невозможно да се движат возови.

„Затоа решивме прво да ја реконструираме, а потоа да ставиме модерна сигнализација и да ја електрифицираме. Дури и да беше во добра состојба, по железницата ќе оперираа само дизел локомотиви“, рече Николоски.

Реконструкцијата ќе овозможи, потенцира вицепремиерот, поврзување на Скопје – Јегуновце – Тетово – Гостивар – Кичево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ