среда, 28 јануари 2026

Во АМСМ регистрација на возила низ целата држава

Од 1 февруари продолжувањето на регистрацијата на моторните возила ќе може да се врши на целата територија на Македонија, без оглед на регистрациското подрачје, а услугата ќе биде достапна и во АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно телеграмата од Министерството за внатрешни работи и измените и дополнувањата на Законот за возила, од 1 февруари 2026 година стапува во сила нов начин на постапување при продолжување на регистрацијата на моторните возила.

Со законските измени се укинува досегашната територијална надлежност, што значи дека регистрацијата и продолжувањето на регистрацијата ќе може да се врши во било кое регистрационо подрачје во државата, без разлика каде се издадени регистарските таблици.

Ова значи дека возила со регистарски ознаки од Струмица, Битола, Тетово и други градови ќе можат да се регистрираат и во Скопје, како и во пунктовите на АМСМ. Истовремено, фирмите и правните лица кои располагаат со возила регистрирани во други подрачја, ќе можат целата постапка за регистрација да ја завршат во АМСМ, без потреба од одење во матичното регистрационо подрачје.

Секое регистрациско подрачје, вклучително и преку АМСМ, ќе може да изврши регистрација на возило од друго подрачје.

Од надлежните институции информираат дека сите вработени треба да бидат запознаени со новите законски измени и да постапуваат согласно упатствата на МВР, со цел обезбедување унифицирано, ефикасно и законито работење, како и навремена и квалитетна услуга за граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ