недела, 1 февруари 2026

Во Албанија истрага против две фирми, деловни соработници на Дрин Ахмети и Арбен Таравари

Две компании од Албанија се дел од истрагата на Специјалната антикорупциска структура (СПАК) во Тирана за местење тендери. И двете фирми беа вмешани во две афери во Македонија, поврзани со внукот на Али Ахмети Дрин Ахмети и со Арбен Таравари, тогаш министер за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Во случајот во Албанија суспендирана е и вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку.

СПАК вчера ја обвини министерката за местење тендери за фирмите Певлаку и Ѓока констракшн. Овие две компании ги добиле наместените тендери за изградба на надворешната сообраќајна обиколница број 4 околу Тирана и на тунелот Логара.

Фирмата на Дрин Ахмети, Тор индустрис пред две години заедно со албанската Певлаку го презема деловниот центар Соравиа во Скопје.

Фирмата Ѓока констракшн од Албанија со тогашниот македонски министер за здравство Арбен Таравари го доби управувањето на паркингот на Клинички центар во Скопје, но оваа зделка не помина на владина единица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ