„Ова не се само бројки туку порака дека компанијата влегува сериозно на македонскиот пазар со визија за долгорочен раст и развој“, рече премиерит Христијан Мицкоски во обраќање на свеченоста.
Според Мицкоски, со оваа инвестиција Македонија добива нова енергија и нови работни места и е потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите. Овој проекет, оцени, е почеток на ново поглавје во малопродажбата со нови стандарди, со поголема конкуренција и подобри услови за граѓаните.
Мицкоски потсети дека инвестицијата на Лидл во Македонија се одолговлекуваше и беше заглавена, но оти по изборот на Владата е откочена и ставена меѓу првите прироритети.
„Менаџментот на Лидл ја прифати нашата забалеша за зголемување на застапеноста на домашното проиозводство и на македонските производи на полиците на Лидл, што е од исклучителна важност затоа што со тоа се поддржува локалната економија и се грди доверба кај потрошувачите дека македонското е најдобро. Македонски производи не само што ќе се наоѓаат на полиците на Лидл во Македонија, туку вече се на полиците на Лидл во околните земји. Во 2024 година извозот беше 5 милиони евра, а годинава очекуваме да достигне 10 милиони евра и да продолжи да расте“, рече Мицкоски.
Компанијата Лидл интензивно го гради и првиот продажен објект во Скопје којшто се наоѓа на просторот каде порано се наоѓаше Бриколаж во општина Гази Баба.






