„Секоја нова градба ќе носи дел од природата назад во нашиот град“, истакна Митески, нагласувајќи дека Аеродром започнува нов мандат со цел повеќе зеленило и грижа за иднината.
Како дел од @зелената офанзива“, Митески заедно со општествено-одговорна компанија денес засади висококвалитетни садници јавор и јасен покрај булевар „Јане Сандански“, кај игралиштето „Калистеника“.
„Таму каде што порано имаше бетон, од денес расте нов живот. Аеродром станува позелен, чекор по чекор, садник по садник“, порача градоначалникот.






